Во светот на фудбалот има многу луди и урнебесни трансфери. Се купувале играчи за дузина пара копачки, за спортска опрема, ама тешко дека би се повторил ваков бизарен трансфер како овој во Турција и тоа за – десет кила мармалад.
Турскиот фудбалер Октај Каракан потпишал за аматерскиот клуб Алдаг Гучу и трансферот е платен со мармалад. На крајот на втората деценија од 21-то век, кога во фудбалот се вртат неверојатни милионски трансфери, има и такви како од 19 век.
Потегот, смешен или не, стана хит во светскиот фудбал, а (не)сакајќи аматерскиот турски клуб си доби суперпромоција.