-2 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Трансфер изненадување: Набил Фекир потпиша за Бетис

Најчитани вести

Францускиот репрезентативец Набил Фекир го напушти Лион и со големо изненадување кариерата ќе ја продлжи во Бетис.

Фекир веќе неколку сезони е најдобар играч на Лион, а низ годините се поврзуваше со трансфер во Ливерпул. И ова лето Фекир наводно беше на мета на Црвените, но и овој пат трансферот не се реализираше.

Се очекуваше Фекир како и претходните години да остане во Лион, но се одлучи на трансфер кој сите ги изненади. Имено, овој 26 годишен фудбалер потпиша договор со Бетис откако вчера успешно ги помина лекарските прегледи.

Бетис доцна синоќа објави дека Фекир е нов играч на клубот и дека е потпишан договор до летото 2023. година. Лион од продажбата на својот најдобар играч заработи 25 милиони евра.

Фекир во дресот на Лион одигра 193 натпревари, постигна 69 погодоци и запиша 43 асистенции. Во дресот на француската репрезентација одигра 21 натпревар и беше дел од тимот кој минатото лето во Русија го освои Светското првенство.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести