21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Трансфермаркт: Цената на Барди падна на 18 милиони евра

Најчитани вести

Енис Барди, еден од нашите најдобри фудбалери според познатиот сајт “Трансфермаркт“, сега вреди “само“ 18 милиони евра. Велиме само, со оглед на тоа дека до пред некој ден, играчот за врска на Леванте на пазарот, барем според специлизираниот сајт “Трансфермаркт“, вредеше 20 милиони евра. Оваа сума “важеше“ од август минатата година до јануари оваа 2021 година. Се разбира дека причината за падот е двомесечното неиграње на македонскиот репрезентативец, кој имаше повреда која го одалечи од зелените терени подолго време.

Па така сега тој заедно со Елиф Елмас вредат “само“ по 18 милиони евра, инаку Барди беше првиот Македонец кој ја достигна сумата од 20 милиони евра. Колку за потсетување, Горан Пандев, во 2010 година, во својот фудбалски зенит како играч на Интер, тогаш според “Трансфермаркт“ вредеше 18 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести