Американскиот претседател Доналд Трамп преку писмо го честиташе на Српската првославна црква јубилејот 800 години автокефалност.
„Драги пријатели, Меланија и јас им упатуваме најискрени честитки на Српската православна епархија на Источна Америка по повод вашиот 800-годишен јубилеј. Благодарни сме за сите години што вашата епархија им служеше на својот народ“,пишува Трамп во писмото до епископите Максим Василjeвиќ и Иринеј Добријевиќ, чија копија ја објави српски „Курир“.