7.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Трамп ќе добие пензија од над 220 илјади долари годишно

Најчитани вести

оранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе добие пензија од над 221 илјади долари годишно и други бенефиции, далеку повредни од парите.

Меѓутоа, ако Сенатот го потврди неговото отповикување, тој би можел да изгуби сè што му следи како поранешен претседател.

„Доколку Сенатот го осуди Трамп и го потврди отповикувањето, очигледно ќе биде потребно уште едно гласање за да му се одбие пензијата и надоместоците што му следат со закон“, објасни Мајкл Герхард, професор по право на Универзитетот во Северна Каролина, јави Си-Ен-Ен.

Другите придобивки што ќе ги добие Трамп, покрај неговата пензија, може да бидат значителни – надоместоците за патувања, канцеларискиот простор и платата на персоналот можат да бидат над еден милион долари годишно за поранешен-претседател. Според анализата на Фондацијата Национална унија на даночни обврзници, од 2000 година вкупно 56 милиони американски долари се обезбедени за привилегии и придобивки на четворицата живи поранешни претседатели.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com