7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Трамп ја тужи внуката за откривање на даночни затајувања на семејството

Најчитани вести

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја тужеше својата внука Мери и весникот „Њујорк тајмс“ за напис од 2018 година, во кој пишува дека бил вмешан во „сомнителни даночни затајувања“.

Тужбата, поднесена во Њујорк, ги обвинува Мери Трамп и новинарите од овој весник дека се „вмешани во подмолна завера“ за добивање доверливи документи, со кои внуката на поранешниот претседател го прекршила договорот за спогодба што и забранува откривање, што таа потврди дека тоа го направила во своите мемоари во 2020 година, пренесува Би -Би -Си.

Претходно, Трамп одлучно ги отфрли тврдењата од книгата на неговата внука „Премногу и никогаш доволно: Како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот“ и неуспешно тужеше во обид да го спречи нејзиното објавување. Во новата тужба, тој обвинува тројца новинари дека контактирале и соработувале со неговата внука поради „лична одмазда“ против него.

Според тужбата, Мери Трамп доставила доверливи документи до „Њујорк тајмс“ за објавување во сеопфатна истрага за личната листа на финансии на Трамп. Овој ексклузивен извештај наведува дека поранешниот претседател учествувал во измамнички даночни затајувања и на тој начин добил повеќе од 400 милиони долари.

Портпаролката на „Њујорк тајмс“ изјави денеска дека пишувањето на листа за даноците на Трамп им помогнало на граѓаните да се информираат преку детално известување за тема во која преовладува јавниот интерес и дека тужбата е обид да се замолчат независните новински организации. Мери Трамп (55), ќерка на Фред Трамп Џуниор, постариот брат на претседателот, кој почина во 1981 година на 42-годишна возраст, се уште не ја коментирала тужбата.

Минатата година, таа поднесе сопствена тужба против Трамп и двајца членови на семејството за измама и заговор, во која изјави дека тогашниот претседател, неговата сестра Маријан Трамп Бери и братот Роберт Трамп, ја изневериле поради наследство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com