17.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Трамп ја смени адресата на живеење, стана жител на Флорида

Најчитани вести

Американскиот претседател Доналд Трамп ја смени адресaта на живеење и сега и официјално стана жител на Флорида.

Трамп, кој живее во центарот на Менхетен во Њујорк од 1980-тите, го смени своето живеалиште во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида, бидејќи, како што рече, градските власти лошо се однесувале кон него, пренесува бриселски „Политико“.

„Белата куќа е местото кое го засакав и се надевам дека ќе останам таму во наредните пет години. Сепак, јас и моето семејство се преселуваме во Палм Бич,Флорида, кое ќе биде нашето постојано живеалиште. Секогаш ќе се грижам за Њујорк и за неговите жители, но за жал, и покрај фактот што плаќам милиони долари на градот, на државните и на локалните даночни обврзници секоја година, политичките лидери на државата и градот лошо се однесуваат кон мене“, напиша Трамп на „Твитер“.

„Политико“ наведува дека Трамп е крајно непопуларен во Њујорк и дека законодавците не вложиле многу напори да го сокријат презирот кон него и неговото однесување.

Набргу по објавувањето на Трамп на „Твитер“, гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, напиша дека тоа е добро решение.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести