-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Трамп ја предупреди Русија да не се меша во изборите во САД

Најчитани вести

Во текот на средбта со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Москва да не се обидува да се меша во изборите во САД и ја повика да се реши судирот со Украина, соопшти Белата куќа.

Со Лавров разговара и американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој порача дека е неприфатливо кое било странско мешање во американските избори и на Русија и другите земји им порача дека администрацијата на Трамп ќе го заштити интегритетот на гласањето, пренесе „Гласот на Америка“.

На прес-конференцијата со својот руски колега Помпео нагласи дека администрацијата на Трамп ќе го спречи мешањето во изборите.

„Јасно кажав дека тоа е неприфатливо и на Русија јасно ѝ ги изнесов нашите очекувања. Администрацијата на Трамп секогаш ќе работи на заштитата на интегритетот на изборите“, нагласи Помпео.

Непосредно пред средбата со Трамп во Белата куќа, Лавров повторно ги отфрли обвинувањата дека Русија се мешала во американските претседателски избори во 2016 година.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести