Американскиот претседател Доналд Трамп за време на прославата на Денот на независноста во Вашингтон ја пофали војската.
„Нашата земја е посилна денес од кога и да било претходно“, рече Трамп во говорот во Вашингтон за кој демократите оценија дека бил „изборен митинг“ и обид за политизирање и милитаризирање на традиционалниот непартиски празник.
4 јули се прославува во САД во знак на потпишувањето на декларацијата за независност во 1776 година.