Home » Трамп тврди дека ФБИ извршил претрес во неговиот имот на Флорида

Трамп тврди дека ФБИ извршил претрес во неговиот имот на Флорида

by Журнал.мк

Американската агенција за криминални истраги и разузнавање (ФБИ) го пребарала имотот Мар-а-Лаго на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како дел од истрагата за тоа дали тој зел доверливи документи од Белата куќа во неговата резиденција во Флорида. Во изјавата во која наведува дека претресот бил извршен, Трамп додаде дека агентите го отвориле сефот во неговата куќа и тоа го опиша како „ненајавена рација“. Претресот, кој не беше веднаш потврден од ФБИ и американското Министерство за правда, е ескалација во повеќемесечната истрага за тоа како доверливите документи завршиле во повеќе од десетина кутии складирани во Мар-а-Лаго.

Трамп и неговите сојузници се обидуваат да ја прикажат потрагата како обид на демократите да го спречат да освои уште еден мандат во 2024 година. „Ова се мрачни времиња за нашата нација бидејќи мојот прекрасен дом Мар-А-Лаго во Палм Бич, Флорида моментално е под опсада, рација и окупиран од големи групи агенти на ФБИ“, напиша Трамп, додавајќи дека ништо слично на тоа никогаш претходно тоа не му се случило на американски претседател.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk