Home » Трамп со план за нарко-картелите во Мексико

Трамп со план за нарко-картелите во Мексико

by Журнал.мк

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бил заинтересиран за можноста од прецизни ракетни напади врз лабораториите за дрога во Мексико, пишува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на извадоци од се уште необјавените мемоари на поранешниот американски министер за одбрана Марк Еспер.

Според поранешниот шеф на Пентагон, Трамп сакал да знае дали е можно да се погодат лаборатории за дрога во Мексико и на тој начин да се уништат картелите.

-Тие немаат контрола над својата земја. Можеме да лансираме неколку ракети „Патриот“ и тивко да ги уништиме лабораториите… никој нема да знае дека тоа сме ние, се сеќава Еспер на зборовите на поранешниот американски претседател.

Во ноември 2020 година, по општите избори, Трамп го принуди Еспер да поднесе оставка. Тој претходно го критикуваше, вклучително и за забраната за истакнување знамиња и транспаренти на Конфедерацијата во воени објекти.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More