Home Свет Трамп се пофали дека собрал над 4 милиони долари од донации за 24 часа по веста за обвинението

Трамп се пофали дека собрал над 4 милиони долари од донации за 24 часа по веста за обвинението

by Журнал.мк

На рочиштето во вторник, јавноста веројатно нема да го види Трамп со лисици на рацете. Неговата адвокатка рече дека тој е подготвен за борба и обвини за селективен прогон од страна на властите. Уверена е дека Трамп нема да биде осуден и порачува оти тој ќе ја продолжи кампањата за нов претседателски мандат.

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, кој планира да се кандидира за втор мандат на изборите 2024 година, соопшти дека за 24 часа откако беше објавена веста за обвинението против него биле собрани над четири милиони долари од донации за неговата претседателска кампања.

Веста дека големата порота од Менхетен гласала за покренување обвинение дојде во четвртокот или еден ден пред крајниот рок (31 март) од кварталниот период во кој кандидатите известуваат за тоа колку пари собрале во кампањата. Ова е период кога кандидати, пишува „Блумберг“ често ги зголемуваат напорите за собирање донации за да покажат колкава поддршка имаат зад себе.

Трамп е првиот поранешен претседател на САД кој се соочува со кривично обвинение. Случајот за кој против него се покренува обвинение е за исплата на 130 000 долари на порно актерката Сторми Даниелс кои наводно тој ѝ ги дал во замена таа да молчи за нивна афера од 2006 година.

Детали на што конкретно се однесува обвинението кое го покренува федералното обвинителство на Менхетен не се познати, но она што е веќе познато е дека поранешниот претседател во вторник треба да се појави пред тамошниот суд за да му биде прочитано обвинението.

Неговите адвокати изјавите дека тој е „подготвен за бораба“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More