1.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Трамп: Се е можно со Кина

Најчитани вести

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека трговските преговори со Кина се во многу подобра позиција од кога било.

На прашањето дали е можно укинување на тарифите на кинеската стока, Трамп одговори дека „се е можно”.

– Можам да кажа дека имаме многу искрени преговори од кога било досега. Тоа главно е поради тоа што многу добро работиме на тоа, додаде Трамп.

Тој смета дека САД сега се во многу подобра позиција кога станува збор за преговорите.

– Мислам дека не можевме да стигнеме тука без да поминеме низ овој процес и сега сме во посилна позиција за постигнување договор. Чесен договор за сите, порача американскиот претседател.

Трамп изјави и дека Кина губи повеќе милиони работници кои заминуваат во други земји.

– Да сум на нивно место би сакал да постигнам договор, нагласи претседателот на САД.

Трамп претходно на маргините на самитот на Г7 во Франција изрази верување дека Кина сака да склучи трговски договор, бидејќи официјален Пекинг во текот на ноќта ги контактирал трговските преговарачи од САД и изрази подготвеност за продолжување на преговорите

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com