Home » Трамп: Путин да објави сè за аферите на Хантер Бајден во Русија

Трамп: Путин да објави сè за аферите на Хантер Бајден во Русија

by Журнал.мк

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги објави сите компромитирачки информации за семејството Бајден и односите на Хантер Бајден со олигарсите во источна Европа, пишува лондонски „Гардијан“.

– Мислам дека Путин ги знае одговорите на тоа и треба да ги објави. Сметам дека треба да го добиеме тој одговор, изјави Трамп во интервју за американскиот „Just the News“, алудирајќи на наводен бизнис на Хантер Бајден во Русија.

Трамп се повикува на извештајот на Сенатот од 2020 година во кој се наведува дека рускиот олигарх Јелена Батурина, во тоа време сопруга на градоначалникот на Москва, пред десет години обезбедила 3,5 милиони за компанија основана од синот на претседателот Џо Бајден, без притоа да се појасни зошто се доделени тие средства, прецизира „Гардијан“.

– Како градоначалникот на Москва и неговата сопруга, му дале на семејството Бајден три и пол милиони долари? Мислам дека Путин сега би сакал да даде одговор. Сигурен сум дека знае, изјави поранешниот американски претседател.

Порота во САД го истражуваше бизнисот на Хантер Бајден поради сомневања за даночни прекршувања, странско лобирање и перење пари, но тој негираше каква било вина, пишува „Гардијан“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk