13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Трамп призна дека е делумно виновен за хаосот во Капитол Хил во кој загинаа пет лица

Најчитани вести

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп призна дека сноси дел од вината за хаосот што се случи на 6 јануари, кога демонстрантите упаднаа во зградата на Конгресот, пренесуваат американските медиуми.

„Фокс њуз“, повикувајќи се на извор запознаен со целата ситуација, наведува дека претседателот на САД го спомнал тоа додека разговарал со лидерот на републиканците во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти.

Според информациите, Мекарти телефонски разговарал со Трамп и за време на разговорот се согласил со претседателот дека тој е одговорен за немирите во Вашингтон во кои беа убиени пет лица, пренесува „Спутник“.

Во меѓувреме на Трамп трајно му е избришан профилот на Твитер откако беше обвинет за предизвикување насилство, а профилите на Фејсбук и Инстаграм исто така се суспендирани.

Треба да се напомене дека се појавија и други извештаи во врска со разговорот помеѓу Трамп и Мекарти. Имено, како што тврди Аксиос, претседателот во заминување наводно го обвинил левичарското движење Антифа за упад во зградата на американскиот Конгрес.

Извори од Белата куќа, кои знаат за овој разговор, наведуваат дека комуникацијата била проткаена со напнатост, главно со агресија и тврдат дека Мекарти му рекол на Трамп дека тоа не е Антифа, туку приврзаници на МАГА (Да ја направиме Америка повторно голема).

„Тие беа членови на МАГА. Го знам тоа. Бев таму“,  му рече Мекарти на Трамп и го советуваше да го повика Џо Бајден, да се сретне со него или да му остави писмо за добредојде на неговото биро во Овалната канцеларија на Белата куќа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести