Американскиот претседател Донaлд Трамп изјави дека турското купување на рускиот одбранбен систем С-400 создава сериозни предизвици, но оти се надева дека тие можат да бидат надминати. Трамп ова го рече по, како што ги оцени, „прекрасните и многу продуктивни разговори“ со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Белата куќа. До нив дојде во момент кога односите меѓу двете членки на НАТО се на најниска точка во изминативе децении. Тоа особено дојде во израз во минатиот месец кога Анкара започна акција за чистење на курдските милитанти во северниот дел на Сирија. Курдите беа главниот партнер на САД во борбата против ИД.