Трамп потпиша указ за санкции против Турција

0

Aмериканскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша указ за воведување санкции против Турција во врска со нејзината воена операција во Сирија, се наведува во соопштение на државниот секретар Мајк Помпео, a пренесе руската новинска агенција „Тасс“.

„Претседателот Трамп го потпиша указот за да ја присили Турција да ја прекине својата воена офанзива во североисточна Сирија и да се согласи на примирије. Овој извршен указ, на Министерството за финансии и на Стејт департментот им дава надлежности да ја разгледаат можноста за воведување санкции против физички лица, организации или лица поврзани со владата на Турција и учесници во активности кои создаваат опасност за граѓаните или водат до натамошно поткопување на мирот, безбедноста и стабилноста во североисточна Сирија“, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.

„Тројца претставници на турските власти од висок ранг од министерствата за енергетика и одбрана веднаш се ставени на списокот со санкции, во согласност со надлежностите што истовремено со потпишувањето на указот им беа дадени на министерствата“, се подвлекива во документот.

„За да ги избегне последиците од натамошните санкции, наметнати со новиот извршен указ, Турција треба под итно да го прекине својот едностран напад во североисточна Сирија и да се врати кон дијалогот со САД во однос на безбедноста во Сирија“, изјави Помпео.

Конкретно, со одлука на претседателот Трамп од синоќа за 50 отсто се зголемени таксите за увоз на челик од Турција, а тој самиот преку соопштение се закани дека веднаш ќе го прекине договорот со оваа земја вреден 100 милиајрди долари.