16 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Трамп: Нема да ѝ продадеме борбени авиони на Турција

Најчитани вести

САД нема да ѝ продадат борбени авиони Ф-35 на Турција, бидејќи Анкара одлучи да купи ракетен систем С-400 од Русија, порача американскиот претседател Доналд Трамп.

Нагласи дека поради набавката на С-400, ситуацијата со Турција е комплексна.

Кандидатот на американскиот претседател за нов министер за одбрана, Марк Еспер, пак, изјави дека е вознемирен поради одлуката Турција да ѝ се спротивстави на САД со купувањето на рускиот ракетен систем.

„Тоа е многу обесхрабрувачки како тие се занесоа во изминатите неколку години“, рече Еспер на состанокот за неговата кандидатура во Одборот на американскиот Сенат за вооружени служби.

САД во неколку наврати ја предупредија Турција дека ќе ѝ наметнат санкции и ќе ја исклучат од програмата за борбени авиони Ф-35, доколку Анкара не отстапи од купување С-400.

Турција одби да се повлече и покрај притисокот на САД, истакнувајќи дека купувањето одбранбен систем е национален суверенитет.

Испораката на ракетниот систем С-400 од Русија во Турција почна на 12 јули.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести