20.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Трамп нема да сведочи на судењето во процесот за отповикување

Најчитани вести

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема да одговори на поканата да сведочи на судењето за отповикување во американскиот Сенат, кое почнува следната недела, соопшти неговиот советник Џејсон Милер оценувајќи го процесот како неуставен.

Демократите во Претставничкиот дом, кои имаат улога на обвинител во претстојното судење на Доналд Трамп во Сенатот, побараа од поранешниот американски претседател следната недела да сведочи за неговите постапки, пред стотици негови приврзаници да извршат смртоносен напад врз Капитол.

– Вашето писмо го потврдува она што е општо познато: не сте во можност да ги докажете обвинувањата против 45-тиот американски претседател кој сега е во својство на граѓанин, се вели во одговорот на адвокатите на Трамп, Брус Кастор и Дејвид Шоун.

Претставничкиот дом минатиот месец го отповика Трамп под обвинение за поттикнување бунт за време на говор пред Белата куќа во кој ги повика своите приврзаници да се „борат“ против неговиот пораз на изборите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести