2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Трамп гневен поради гласините за неговото здравје (ВИДЕО)

Најчитани вести

Претседателот на САД Доналд Трамп го изрази својот гнев денес поради шпекулациите околу неговата здравствена состојба по непланираната посета на воената болница во Вашингтон за време на викендот.

Седумдесет и тригодишниот американски претседател во саботата замина во болницата Волтер Рид за годишен преглед, според наводите на Белата куќа.

Таа посета која не беше најавена однапред и која следи само девет месеци по претходната иницираше низа прашања во јавноста.

Трамп на средбата со членовите на својата влада во Белата куќа се пожали денес дека сопругата го прашала кога се вратил од болницата дали е во ред, и дека се зборува дека имал проблеми со срцето.

„Бев таму кратко, рутински, обавив дел (од лекарските прегледи), остатокот ќе го обавам во јануари“, кажа рамп и почна да ги напаѓа медиумите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com