10.2 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Трамп ги укина санкциите кон Турција

Најчитани вести

Американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба за укинување на санкциите кон Турција. „Другите нека се борат околу тој крвав песок. Санкции повторно ќе бидат воведени, ако се сличи нешто со што нема да бидеме задоволни“, порача Трамп.

Трамп во обраќање пред новинарите во Белата куќа за договорот за прекинување на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија истакна дека Турција ја прекина операцијата откако беше постигнат договор со САД.

„Издадов наредба на Министерството за финансии да ги укине санкциите за Турција наметнати на 14 октомври“, рече американскиот претседател. Тој исто така истакна дека е на сила примирјето на сириско-турската граница, додавајќи дека тоа веќе станало трајно. Тој рече дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го убедил дека ќе престанат борбите во регионот, како и дека неодамна договореното примирје ќе биде трајно.

САД воведоа санкции кон Турција минатата недела како одговор на турската офанзива во североисточниот дел на Сирија, што почна на 9 октомври, против курдските борци, кои за Анкара се терористи, а беа главни сојузници на САД во борбата против Исламска држава.
Укинувањето на американските санкции следи откако Русија и Турција се договорија да бидат гарант на примирјето по должина на сириската граница, каде што се распоредени руски воени трупи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com