-5.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Трамп ги тужи Твитер, Фејсбук и Гугл поради „цензура“

Најчитани вести

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе тужби против технолошките гиганти Твитер, Фејсбук и Гугл, како и нивните директори, тврдејќи дека тој е жртва на цензура.

Бившиот американски претседател, кому во јануари му беа укинати профилите на социјалните мрежи, наведе дека тие ги замолчуваат конзервативните ставови.

Трамп рече дека ги поднел тужбите до федералниот суд во Флорида, објави Ројтерс.

Вчера тој рече дека тужбата е „мошне прекрасен развој за нашата слобода на говорот“.

На прес-конференцијата од своето голф-одморалиште во Бедминстер, Њу Џерси, Трамп ги критикуваше компаниите за социјални мрежи и демократите, кои ги обвини за поддржување дезинформации и додаде дека со овие тужби ќе бара обесштетување и надомест на штетата.

Поранешниот претседател на САД во јануари ја загуби можноста да се обраќа преку социјалните мрежи, откако упорно тврдеше дека неговиот пораз на изборите е резултат на масовна измама и фалсификат.

Неговото тврдење беше одбиено од повеќе судови, како и од службениците на изборните комисии и членовите на неговата сопствена администрација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com