8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Трамп веќе одлучил дали ќе се кандидира на изборите во 2024 година, но не кажува што одлучил

Најчитани вести

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп веќе донел одлука за тоа дали ќе учествува на следните претседателски избори во САД во 2024 година, но не прецизираше каква е таа, самиот изјави за телевизијата „Фокс њуз”.

На новинарско прашање дали донел одлука за ова прашање, Трамп одговори „Да”, но притоа не даде други детали.

Трамп во април изрази уверување дека републиканскиот кандидат ќе победи на претседателските избори во САД во 2024 година. Во март, поранешниот претседател кажа дека има намера да донесе конечна одлука за можноста повторно да се кандидира за функцијата шеф на Белата куќа по делумните избори во земјата во 2022 година.

За време на говорот на конференцијата на американските конзервативни кругови во Орландо, во Флорида, на 28 февруари Трамп кажа дека може уште еднаш да се кандидира за претседател.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести