4 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Трамп веќе не сака да работи со британскиот амбасадор, Велика Британија го брани

Најчитани вести

Владата на британската премиерка Тереза Меј ја изрази својата „целосна поддршка” на својот амбасадор во Вашингтон откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека со него нема да „има никакви контакти”.

„Ким Дерок и понатаму ја има целосната поддршка на премиерката“, изјави официјалниот портпарол на владата во Лондон откако во јавноста беше објавена дипломатска преписка во која британскиот амбасадор остро го критикува Трамп.

Американскиот претседател, во понеделникот изјави дека „нема веќе да работи“ со британскиот амбасадор во САД, откако за време на викендот е објавена информација во која британскиот дипломат администрацијата на Трамп ја опишува како дисфункционална и неспособна.

„Не го познавам амбасадорот, но во САД на никому не му се допаѓа и никој не мисли добро за него. Нема веќе да работиме со него“, напиша Трамп на Твитер, и во истата објава ја критикуваше британската премиерка во заминување Тереза Меј.

„Бев многу критичен за начинот на кој Велика Британија и премиерката Тереза Меј го раководеа брегзит. Каков неред создадоа таа и нејзините претставници. Им кажав како треба да се направи, но таа одлучи на друг начин”, изјави Трамп порачувајќи дека за Велика Британија е „добра вест дека наскоро ќе имаат нов премиер”.

Портпаролот на британската влада истакна дека Велика Британија јасно им ставила до знаење на САД дека жалат поради објавувањето на информациите. „Избраните фрагменти не ја отсликуваат близината на односите (меѓу двете земји) и меѓусебното почитување“, се вели во изјавата на портпаролот. „Во исто време, ја истакнавме и важноста од можноста амбасадорите да даваат искрени оценки за политичкиот живот во земјите во кои работат“, додава тој.

„Велика Британија има посебен и траен однос со САД, кој се темели на нашата долга историја и посветеност на заедничките вредности, и тоа ќе продолжи да биде така“, додаде британската влада.

Во дописите на британската влада, кои датираат од 2017 до денес, амбасадорот Дерок, исто така, наведува дека Трамп „зрачи со несигурност“ и ги советува службениците во Лондон со него да се однесуваат едноставно и ефикасно.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести