15.3 C
Skopje
Wednesday, May 12, 2021

Трамп:Постои една жена во Европа, нема да и го спомнам името. Таа ги мрази САД

Најчитани вести

Претседателот на САД Доналд Трамп остро ја критикуваше Европа во пресрет на самитот Г20 во Јапонија, изјавувајќи дека таа спрема САД се однесува полошо отколку Кина.

„Европските нации се поставени да ги искористат САД. Имаат полоши препреки за трговија од Кина“ – изјави Трамп.

Како што се наведува, средбата меѓу Трамп и претседателот на Кина, Си Џингпинг се очекува да биде главниот настан на самитот Г20.

Трамп покажал поголема желба за подобрување на односот со официјален Пекинг отколку со Брисел.

Иако Трамп претходно го опиша претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, како “фантастичен човек и бизнисмен“, една од клучните членови на неговиот тим, Маргарет Вестагер ја критикуваше.

„Постои една жена во Европа, нема да и го спомнам името, всушност би требало да го заземе местото на Жан Клод…Таа ги мрази САД, можеби и повеќе од било која личност која сум ја запознал. Тоа што таа и го прави на нашата земја…Таа ги тужи сите наши компании“ – изјавил Трамп.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести