5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Трае потрагата по возачот на „голфот“ што падна во Вардар, прашање е дали бил сам

Најчитани вести

Продолжува потрагата по возачот на „голф 4′ кој вчера малку пред пладне излета од мостот на Вардар кај селото Желино и падна во реката. Не е познато дали возачот бил сам. Медиуми на албански јазик информираат дека станува збор за 22-годишниот Е.Р. од Куманово и пишуваат дека членови на неговото семејство биле на местото на несреќата и потврдиле дека станува збор за тоа момче. Од Центарот за управување со кризи доцна попладнето информираа дека повеќе тимови се вклучени во потрагата и дека водите ги пребаруваат нуркачи.

„Освен специјализирана екипа од МВР, шест припадници на ТППЕ Тетово и шестмина вработени во Општина Желино во претрагата се вклучени и специјален тим нуркачи од ДЗС Велес. Потрагата е во тек“, информираат од ЦУК.

Автомобилот вчера бил извлечен со помош на градежни машини.

„Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време пропаднало во природен јаз и визуелно не се гледало. Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со нив“, објави вчера ЦУК.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести