12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Трагедија во Хрватска: Мртво дете пронајдено во автомобил

Најчитани вести

Пради вчерашната трагедија во која петгодишно момче го загуби животот откако татко го остави заклучен во автомобил, градската управа на Книн одлучи да прогласи четврток ден на жалост во тој град.

„Донесовме одлука, утре ќе биде прогласен за ден на жалост за вчерашната трагедија што не погоди сите“, потврди заменик-градоначалникот на Книн, Кристина Периќ.

Полицијата вчера добила пријава нешто по 15 часот дека починато момче било пронајдено во автомобил во Книн, потврди портпаролот на полицијата во Шибеник, Шиме Павиќ.

„Во тек се истражни дејствија по наредба на округот и државното обвинителство на Хрватска. Ние нема да прејудицираме како се случило, бидејќи ќе го утврдиме со кривична истрага “, рече тој.

Портпаролот на полицијата во Шибеник, кратко изјави дека полицијата нема да излезе со детали додека не заврши обдукцијата. Повеќе детали треба да се знаат во текот на денот.

Медиумите повикувајќи се на изјави на сведоци наведуваат дека таткото, професионален војник, отишол на работа без да сфати дека момчето кое заспало на задното седиште од возилото не го оденл до градинката и детето останало во заклучен автомобил.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com