19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

ТРАГЕДИЈА ВО РОМАНИЈА: Бебе почина неколку часа по крштевање

Најчитани вести

Дете почина по крштевање во Романија, поради што јавноста е шокирана.

Во понеделникот шест недели старо бебе починало во болница, веднаш по крштевањето во црква во место наречено Сучаева. Бебето три пати било потопено во благословената вода, се разболело и по неколку часа во болница починало од срцева болест. Преку аутопсија е откриено дека бебето во неговите бели дробови имало течност, и по тоа е отворена истрага за убиство од небрежност против свештеникот кој ја водел церемонијата.

Многу Романци се мобилизираа оваа недела на социјалните мрежи за да ја убедат Православната црква да го смени обредот на крштевање по смртта на новороденче, ден по таа церемонија. Иницијаторите на петицијата на Интернет, велат дека трагедијата со овој случај е голема и не смее да е повторлив.

Според медиумите, во последните години имало неколку такви случаи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести