Home » Трагедија во Аеродром: Почина човек чекајќи ред пред банка

Трагедија во Аеродром: Почина човек чекајќи ред пред банка

by Журнал.мк

Средовечен човек ненадејно почина пред експозитура на банка во скопската населба Аеродром, пред очите на случајни минувачи, а фотографии од немилиот настан беа споделени на Фејсбук.

Граѓаните повикале Итна медицинска помош и полиција, и преку социјалните мрежи се обидоа да дознаат нешто повеќе за човекот, но безуспешно. Засега нема информации за причината за смртта на средовечниот човек, кој по сè изгледа чекал на ред за да заврши некоја работа во банката.

На 02.03.2023 во 11.51 часот А.Т. пријавил дека на бул.Јане Сандански, на тротоарот има починато машко лице. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека се работи за починато лице Ф. Х. (66). По наредба на јавен обвинител телото е предадено на фамилија за погреб.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk