21.8 C
Skopje
Tuesday, June 22, 2021

Тоyоta не се откажува од моторите со внатрешно согорување

Најчитани вести

За Јапонците, хибридите остануваат главната опција за намалување на емисиите

Многу производители на автомобили неодамна најавија целосно напуштање на моторите со внатрешно согорување во корист на електричниот погон, но има и компании кои не го делат овој став. Меѓу нив е и лидерот во светската продажба меѓу брендовите на глобално ниво – Toyota.

Јапонската компанија не се откажува од транзицијата кон електрични автомобили, но се заложува за поконзервативна и со тоа и подолга транзиција. Тоyоta објави дека хибридите, и стандардните и оние на полнење (PHEV), како и автомобилите на водород, ќе продолжат да играат важна улога во постигнувањето јаглеродна неутралност.

Според американското претставништво на марката, сè уште е рано да се зборува за напуштање на моторите со внатрешно согорување. Брендот проценува дека во 2030 година, не повеќе од 15% од продажбата на Toyota во САД ќе отпадне на електрични возила (BEV) и модели на водород (FCEV). Во исто време, компанијата ќе електрифицира 70% од автомобилите што ги продаваат Lexus и Toyota, што значи дека повеќето од нив ќе бидат хибриди.

Во светски рамки, Тоyоta очекува да продаде околу 8 милиони електрифицирани возила за 9 години, при што не повеќе од 2 милиони чисто електрични возила. Ова значи дека во догледна иднина, компанијата нема да може да се ослободи од моторите со внатрешно согорување, кои ќе продолжат да играат важна улога.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести