33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Тој сигурно не очекувал ваква авантура – турист се заглави на висечки мост

Најчитани вести

Додека стаклениот мост во Кина попуштил поради силното невреме, осамен турист останал на него да се бори против ветрот.

Мостот, делумно изработен од стаклени плочи, е на висина од околу 100 метри, а ветерот со кој се борел туристот дуваше со брзина од околу 90 километри на час.

Мостот со стаклено дно се наоѓа во одморалиште изградено на планината Пијан во кинескиот град Лонгџинг.

На сликите објавени на социјалните мрежи се гледа како маж се држи до оградата за време на силни налети на ветерот. Фотографиите брзо собраа милиони прегледи.

Според извештајот на „Стрејт тајмс“, откако за кратко време се заглавил на мостот, човекот стигнал до безбедна област каде што започнува мостот, и таму му била дадена помош.

Му помагаа пожарникари, полицајци, шумари и туристички работници.

Човекот подоцна бил пренесен во болница, каде му била укажана психолошка помош поради траумата.

Патем, кинеските планински одморалишта сè повеќе прават, во рамките на своите комплекси, популарни мостови со стаклено дно, со цел да привлечат повеќе туристи.

Во градот Џангцејаце, северозападно од кинеската провинција Хунан, постои познат стаклен мост кој виси на неверојатни 300 метри над земјата.

Мостот е долг 430 метри, широк шест метри, а бил изграден помеѓу две стрмни карпи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести