21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Тојота развива нов мотор на водород

Најчитани вести

Јапонската Toyota развива нов водороден мотор како дел од својот концепт за намалување на емисиите на стакленички гасови, се вели во денешното соопштение на корпорацијата.

Новиот хидроген турбо мотор ќе биде 1,6-литарски трицилиндричен. Во принцип, тој е сличен на бензински мотор, но освен занемарлива потрошувачка на моторно масло, нема да испушта никакви стакленички гасови, велат во Тојота.

Тие додаваат дека согорувањето на водородот е побрзо од согорувањето на бензинот, што позитивно влијае на динамиката на автомобилот.

Тојота очекува да го тестира моторот во мај за време на една од етапите на локалната трка на патеката во префектурата Шизуока.

Тојота веќе има искуство во производство на водородни мотори. Во 2014 година, компанијата го претстави првиот производствен автомобил во светот на овој вид гориво, „Мираи“. Сепак, во основа станува збор за вграден електричен мотор кој ја добива енергијата потребна за стартување на машината од хемиската реакција на водород и кислород, а нуспроизводот е вода.

И покрај неодамнешниот почеток на продажбата на втората генерација на тој автомобил, Мираи не е многу барана во Јапонија. Не и оди во прилог високата цена и недоволно развиената мрежа на станици за полнење со водород.

Кон крајот на минатата година, јапонската влада го одобрила планот за намалување на емисиите на стакленички гасови, што, меѓу другото, ја поставува целта за постепено укинување на производството на сите бензински и дизел возила до средината на 30-тите години на овој век.

Според јапонската влада, таа стратегија за развој треба да ја зајакне економијата и да создаде економско влијание од скоро 900 милијарди долари до 2030 година и повеќе од 1,8 трилиони долари во следните 20 години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести