Home » Тотенхем ќе има нов стоперски тандем од Бундеслигата

Тотенхем ќе има нов стоперски тандем од Бундеслигата

by Lina Muslija

Тотенхем во идната сезона би можел да има нов стоперски тандем. Двајцата нови играчи би дошле од Бундеслигата, поточно од тимовите на Волфсбург и на Баер Леверкузен.

Наводно тимот од Лондон веќе постигнал договор за играчот Мик Ван де Вен, кој игра како стопер во Волфсбург. Условите со играчот се веќе договорени, сега останува само двата клуба да постигнат договор.

Вториот фудбалер кој би можел да замине во Лондон е Едмонд Тапсоба од Баер Леверкузен. Раководството на тимот веќе имал усмен договор со играчот и тој во следните часови би требало да биде дел од Тотенхем.

Во исто време од клубот истакнуваат дека прават напори да го задржат најдобриот играч Хари Кејн, кој е пред трансфер од Баерн Минхен.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk