23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Тотенхем не размислува да го отпушти Мурињо

Најчитани вести

Раководството на Тотенхем не планира да го отпушти главниот тренер Жозе Мурињо и покрај шпекулациите за такво нешто кои се појавија во англиските медиуми.

Спарс во саботата загубија од Манчестер Сити (0:3) во 24. коло од Премиер лигата и го претрпеа петтиот пораз на последните шест натпревари.

Тимот е рангиран на 9. место во Премиер лигата со 36 бода, далеку од амбициите на клубот пред стартот на сезоната.

Сепак, според „Атлетик“, нема индикации дека клубот размислува да го отпушти 58-годишниот Португалец.

Договорот на Мурињо, потпишан во ноември 2019 година, не содржи клаузули за раскин пред неговото завршување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести