-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

ТОТАЛИТАРНА ДИКТАТУРА

Најчитани вести

Вируси и смрт имало и ќе има. Пандемии имало и ќе има, и тоа и далеку поопасни по живот од короната. Мутации на вируси се исто така нормални и ги имало и ќе ги има. Мојот проблем е што овој вирус има сериозна тенденција да мутира во тоталитарна диктатура

Пишува Јанаки МИТРОВСКИ

Последниот и очекуван бран, не ковид, туку рестрикции за невакцинираните (како само грдо звучи изразов, небаре шугавите) дојде и во „нашата земја“! Нашите здравствени власти, вообичаено неспособни, поради која неспособност сме трети по смртност од ковид во светот, со леснотија прифаќаат дека е нормално две третини од вкупното население да се исклучи од нормалниот живот.

Ваквите морничави и дистописки сцени сè до пред година дена беа незамисливи. Минатата година, иако сред пандемија, секој што трубеше дека ковид пасоши или пропусници се вовед во тоталитарен режим, беше означуван како теоретичар на заговор и ширач на дезинформации. Денес со тие епитети се означуваат, пак, оние кои трубат против истите тие наци методи, а тоа се отрпилика истите луѓе.

ОД ИСТОРИЈА НЕ УЧИМЕ

Министерот Филипче, кој не знам како е сè уште министер по толку висок процент на смртност, и четиринаесет жртви живи пеплосани, побрза да нè убеди дека е така секаде во светот. Да, Венко, свесни сме дека темни облаци го надвиснаа светот, а ти си веројатно најавата за катаклизмата што следи. Цените во аут, енергетска криза, пандемија на која никако да ѝ завршат клучните две недели и тоталитарни претензии на секое ќоше во цел свет.

Како по правило кога веќе од историјата не учиме, ред е таа да нè преебе. Австрија и Германија, каде што впрочем и се роди нацизмот, беа меѓу првите држави што воведоа присилна сегрегација. Неколку wanna be комуњари, кои редовно ми висат на профил, побрзаа да ме исправат дека споредбата на наци меркиве со страдањата на Евреите било деградација на холокаустот и неговото значење.

Јас сум на спротивното мнение. Неспоредувањето со сегрегацијата на Евреите би значело потсмевање со страдањата на Евреите. И да не заборавиме, и она што е клучно во тезава е дека Евреите не ги палеа во логори во 1933 година, откако нацистите дојдоа на власт. Масовното палење започна дури во 1942 година по тајна СС конференција посветена на финалното прашање, а во меѓувреме, имаше апсолутна инвазија на нивните права, дел по дел.

ЕРОЗИРАНИ СЛОБОДИ

И во тоа е цаката и тука треба да бидеме крајно внимателни. Секоја паметна елита ќе ги ерозира нашите слободи малку по малку, бидејќи спротивно ќе се предизвикаат поголеми бунтови, па и вооружен отпор. Затоа внимателно подготвената пропаганда нè клука секојдневно – следните две недели се клучни, само две недели полициски час, пропусници, зелени пасоши, зголемени ингеренции на безбедносни агенции, задолжителен полициски час… и знаете како понатаму приказната оди.

За жал, и покрај очигледното, и покрај фактот дека во Германија веќе ПОСТОЈАТ кампови за присилно држење на прекршатели на налудничавите карантини, многумина сакаат да молчат. Тоа е особено евидентно во Македонија, каде што за разлика од остатокот во Европа, не може да се собере критична маса за протест. Во ред, можеби и приудрените говорници (или уфрлени агенти) кои зборат за Вавилон, Александар Велики, Бил Гејтс и сè освен темата – присилна сегрегација, придонесуваат на слабиот одѕив.

Вируси и смрт имало и ќе има. Пандемии имало и ќе има, и тоа и далеку поопасни по живот од короната. Мутации на вируси се исто така нормални и ги имало и ќе ги има. Мојот проблем е што овој вирус има сериозна тенденција да мутира во тоталитарна диктатура.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com