9 C
Skopje
Tuesday, March 2, 2021

Тони Трајковски наместо во суд на Клиника, тешко зборувал и повраќал

Најчитани вести

Поранешниот градоначалник Тони Трајковски утрово наместо во Кривичниот суд каде му се суди за случајот ТНТ во кој се товари за незаконското уривање на комплексот Космос, е на Клиниката за неврохирургија откако беше претепан од две непознати лица.

Неговиот адвокат Јовица Страшевски рече дека синоќа Трајковски бил примен во Ургентниот центар, а потоа на Клиниката за неврохирургија.

– Неговата состојба е многу лоша, тешко зборува, повраќа, не е ориентиран, не е комуникативен, рече Страшевски.

Сепак сега расправата во судница се сведе на правни расправи за мандатот на поротничката кој е истечен. Обвинителот Бурим Рустеми бара сега раздвојување на постапката за Трајковски и уште тројца обвинети.

За одбраната, судењето не може да се води со изминат мандат на поротничката.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести