На американскиот глумец Том Хенкс му е дијагностициран дијабетес тип 2. Според самите негови кажувања, причината за тоа е, што бил „голем идиот“ и не внимавал на исхраната и својата тежина. Актерот веста ја објави во „Шоуто на Дејвид Летерман“.
– Веќе некое време сум „тешкаш. Ме гледате и во филмовите – знаете како изгледам. Бев голем идиот. Мислев дека можам да го избегнам тоа со отстранување на лебот од моите чизбургери – изјавил Том Хенкс (65).
Наградуваниот глумец, можеби најпознат по филмовите „Бродоломец“, „Филаделфија“ и „Форест Гамп“, додаде дека добрата работа кај дијабетесот 2 е што несаканите појави може да се контролираат.