ом Круз беше отсутен од „Оскарите“.
Актерот, кој го продуцира и глуми во „Топ Ган: Маверик“, има голема година зад себе заработувајќи шест номинации за својот филм.
Според насловите во повеќето шоу-биз медиуми, тој не присуствуваше на настанот за да избегне непријатна средба со поранешната сопруга Никол Кидман иако поминаа 20 години од нивниот болен развод.
Фактот што „Топ-ган: Маверик“ беше номиниран во шест категории, вклучувајќи ја и најпосакуваната – за најдобар филм – не беше поттик за да се појави на најважната ноќ во Холивуд.
„Том не беше на доделување на наградите бидејќи Никол беше таму и не сакаше да се судри со неа“, изјави неименуван извор за „Дејли мејл“.
Круз по секоја цена сакал да избегне непријатно налетување на поранешната. „Том не беше таму затоа што таа беше таму, а тој не сакаше да налета на неа“, додаде изворот.
Луѓе блиски до Круз, од друга страна, тврдат дека неговото отсуство не било од лична природа, туку не се вклопувало во неговиот распоред, но не одговориле конкретно на тврдењето дека е поврзано со присуството на Кидман.
Круз и Кидман беа заедно речиси 11 години, а се разделени повеќе од две децении.
Се разделија во 2001 година наводно затоа што таа не сакала да му се придружи во Сциентолошката црква.
Имаат две посвоени деца, Изабела и Конор Круз.