Томас Шиб: Наскоро ќе биде познат датумот за почеток на преговорите за членство со Македонија

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Германскиот амбасадор во Србија, Томас Шиб денеска изрази надеж дека наскоро ќе биде познат датумот на почеток на преговарачкиот процес за членство меѓу ЕУ и Македонија.

– Заради интензивното усогласување, помеѓу останатато и во Германија, донесувањето одлука за датумот за почеток на преговорите е пролонгиран до октомври. Германија го поздравува големото државничко постигнување на Македонија и Грција, кои по толку време успеаја да постигнат договор и да го решат прашањето за името на Македонија и затоа се надеваме дека земјата многу брзо ќе ги започне преговорите, изјави Шиб.

Германскиот амбасадор, како што јави дописникот на МИА од Белград, изјави дека ставот на Берлин е дека приемот на нови членки и реформите во ЕУ се два одвоени процеси што треба да се одвиват паралелно.

– Внатрешните рефрми во ЕУ ќе се случуваат се додека таа постои, со цел таа да се подобри и да се адаптира на новите услови. Тое е постојан процес, кој не го спречува приемот на нови членки, под услов земјите кандидати да ги исполнат сите услови. Србија спроведува тешки реформи што ќе потраат, а ЕУ спроведува свои реформи и во еден момент Србија ќе и пристапи кон ЕУ. Тоа се процеси кои се одвиваат истовремено, а не еден по друг, истакна германскиот амбасадор.

Во врска со годишнината од масакрот во Сребреница, Шаб изјави дека ставот на Германија и на останатите членки на ЕУ е дека во Србреница во 1995 година е извршен геноцид, нагласувајќи дека очекува и Србија да заземе ист таков став.

Говорејќи за Косово, Шиб оцени дека косовските такси за увозот на српски производи се главна пречка за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека незнае кога преговорите ќе можат да продолжат.

Како една од најважните теми во процесот на пристапување на Белград во ЕУ, германскиот амбасадор го посочи прашањето за слободата на медиумите во Србија. /МИА.

Џ.И.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.