27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Толку моќен глас од такво слабо суштество: Oва е вистината за здравјето на Селин Дион!

Најчитани вести

Фановите на 52-годишната Селин Дион се восхитуваат на фактот дека толку моќен глас може да дојде од толку мала жена, но дали е можеби премногу слаба? Дион отсекогаш била на работ на анорексија, но гласините за нејзината тежина и општата здравствена состојба стануваат сè погласни со возраста.

Celine Dion

Селин Дион се стекна со репутација на култна дива целиот свој живот на напорна работа. Најмалата од 14 деца, француско-канадската пејачка е sвезда откако го издаде својот прв албум на 13 години. Светската слава Дион ја постигна во деведесеттите со нејзините познати хитови, а освои и пет Греми.

Таа мораше да ја прекине својата светска турнеја за албумот „Храброст“ за 2019 година, поради пандемија.

Но, што всушност се случува со здравјето на славната пејачка? По смртта на нејзиниот менаџер и сопруг Рене Анжелил во 2016 година, фановите започнаа да се грижат за нејзиното здравје. Дион призна дека изгубила неколку килограми, но нејзиниот нов изглед го припишала на построги тренинзи. Таа за магазинот „Пипл“ во 2019 година изјави дека присуствувала на часови по балет. „Танцот е во мојата ДНК. Танцувам четири пати неделно и работам напорно. Сакам да се движам, а со тоа дојде и до слабеење “, рече Дион пред две години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести