-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

Толку многу личи на Скарлет Јохансон што повеќе нема личен живот

Најчитани вести

Екатерина Кејт Шумскаја, популарна TikTok ѕвезда од Русија, изгледа идентично како Скарлет Јохансон, но вели дека нема личен живот бидејќи често ја мешаат со славната актерка.

Таа дури смета дека тоа е еден вид проклетство.

„Има луѓе на интернет кои ме заменуваат со Скарлет Јохансон иако јас не се преправам дека сум таа. Едноставно си личиме“, вели 24-годишната девојка.

Сепак, иако на социјалните мрежи ја следат над 10.2 милиони обожаватели вели дека причината за тоа е сосема јасна, сите мислат дека таа е всушност славната актерка.

„Луѓето ми пишуваат како добро сум ја одиграла улогата во „Black Widow“. Некои ме прашуваат дали се имам запознаено со Скарлет и дали таа знае за мене“, вели таа.

Кога Скарлет ја прифатила улогата во филмот „Ghost in the Shell“, многумина негодувале и тврделе дека ја присвоила азиската култура така што Екатерина почнала да прима и пораки со закани.

„Во повеќето пишуваше дека сакаат да ме убијат“, раскажува Русинката.

Сепак, ова има и добра страна. Затоа што многу личи на актерката успеа да направи успешна кариера на социјалните мрежи, а стана и модел во Москва. Претходно заработувала по 700 долари месечно и едвај сврзувала крај со крај.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com