15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Тодоров за „27 април“: Настаните нанесоа штета

Најчитани вести

„СДСМ беа физички жртви, а ВМРО-ДПМНЕ политички жртви. Сите загубија, а  ВМРО-ДПМНЕ загуби од 70.000 до 100.000 гласови“, ова денеска во своето сведочење за настаните за „27 април“ го изнесе  Никола Тодоров.

Тодоров кажа дека во тој период тој бил еден од луѓето кои преговарале за широка коалиција.

„Ние бевме на добар пат за таа широка коалиција, која требаше да го зазбрза процесот за интеграција во ЕУ, но настаните од 27-ми април нанесоа штета”, изјави Тодоров.

Во судница за денешното рочиште  беа повикани 17 сведоци, во рамки на предметот “Организаторите за 27-ми април.

Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението, по неуспешните преговори за формирање влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016, тие изготвиле план со намера да ги загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата и да спречат примопредавање на власта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести