8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ на 27 април загуби од 70 до 100 илјади гласови

Најчитани вести

Во гостувањето во Дневникот на Сител, Никола Тодоров изјави дека 27 април е катастрофален настан кој не смее никогаш да се повтори и дека на тој датум загубиле сите, а ВМРО ДПМНЕ загубиле од 70 до 100 илјади гласови.

– На 27 април загубивме сите. Најмногу загуби државата, граѓаните, политичките партии и демократијата, изјави Тодоров.

Тоа е еден катастрофален настан којшто не смее никогаш да се повтори од којшто како што кажав и во судот и сега ќе повторам СДСМ беа физички жртви на тоа насилство, а ВМРО-ДПМНЕ беше политичка жртва, додава Никола Тодоров. 

– Јас не верувам дека било кој ниту во ВМРО, ниту од раководството на ВМРО би можел да направи толку лоша политичка процена и да организира такво нешто кое и еден обичен политички аматер кој на аматерско ниво се занимава со политика знае дека такво нешто ќе оди на сериозна штета на ВМРО-ДПМНЕ, оносно на власта, затоа што секогаш власта е таа која ќе биде обвинета за било што од такви размери. 

Според Тодоров ВМРО-ДПМНЕ на 27 април загуби од 70 до 100 илјади гласови.

– По мои проценки ВМРО-ДПМНЕ таа вечер загуби од 70 до 100 илјади гласови и мислам дека немаше еден неутрален или неопределени гласачи копишто таа вечер едноставно не се згрозија од она што се случи и ради тоа не го промени своето мислење спрема ВМРО на полошо, само заради тоа што ВРМО во тој момент беше власт. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести