14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Тодоров: Бугарија ако сака да сме пријателска држава, треба да ја смени реториката

Најчитани вести

Викендов со отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола се случи уназадување на меѓусебните односи меѓу Македонија и Бугарија. За тоа зошто Ванчо Михајлов ѝ треба на Бугарија како мост до Македонија разговаравме со историчарот Петар Тодоров.

-Има нешто да се каже и ние како се однесуваме кон Бугарија. Иако ова повеќе говори за ставовите на Бугарија, која гради националистичко општество кое по падот на Берлинскиот ѕид негува антикомунизам. Пораката која ја праќа бугарското општество е многу непријатна не само за Македонија туку и за целата Европа. Тоа е карактеристика и за други држави во регионот, како што е Србија со Дража Михајловиќ. Проблем е оваа политика на Тодор Живков што ја негува Бугарија, вели Тодоров.

Внатрешнополитичката криза по однос на случувањата во Русија, несомнено ја разнишува Бугарија и отвора националистички теми.

-Националистичките реторики и наративи се градат преку различни канали и се користат во прват криза што ќе се појави. Мислам дека Европа некако бавно реагира на вакви постапки, треба силно да се одговори на крајнодесничарските елементи кои ги релативизираат жртвите од Втората светска војна. Тоа го стори и самиот Европски парламент кога ги изедначи фашизмот и комунизмот за да можат да се рехабилитираат некои антикомунистички личности, вели Тодоров.

Македонија покажа зрелост да нема реакција која би довела до немили настани.

-Треба да се спречи да настанат вакви инциденти и провокации. Големото мнозинство се согласува дека ова не е во ред и изразува згрозеност. Требало да се направи нешто да не дојде до оваа ситуација. Зошто сме дозволиле формирање здружение со вакво име, оти не е проблем самото доаѓање на делегацијата туку здружението со такво име. И не е првпат. Имавме здружение по име „Радко“ име кое е прекар на Михајлов, а Мара Бунева се чествува од пред десетина години и има комеморации во бугарскиот клуб во Скопје, коментира Тодоров.

Демократијата не дава за право да се навредуваат другите, заклучува Тодоров.

Ова е пораз за Софија, но е во полза на Белград.

-Кога Софија зборува, зборува од аспект на Белград. Прво на Софија треба да ѝ бид јасно што таа сака да постигне тука. Ако мислат дека ќе нѐ направи Бугари, се лажат дека може да успеат. Ако сакаат да бидеме пријателска држава, тогаш мора да ја смени реториката, вели Тодоров.

Како член на Историско-образовната мешовита комисија, Тодоров вели дека од самиот почеток на Комисија политичарите се тие кои треба да создадат услови да се решаваат проблемите и да се уредат учебниците.

-Ние можеби ќе направиме чекор напред, ни се случува враќање три чекори назад. Не е убаво да се слуша политичари да се занимаваат со минатото. Нивна задача е да создадат демократско општество, вели Тодоров за Утрински брифинг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com