Утровово во 07.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, се случила сообраќајна незгода.
Според информациите од СВР Охрид, товарно возило „Ивеко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-скопјанец излетало од патот.
Возачот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди.
На местото на незгодата направен е увид.