Home » „Тоа не е сериозен романтичен однос на двајца луѓе кои немаат никој друг“: Џони Деп раскинал со адвокатката?

„Тоа не е сериозен романтичен однос на двајца луѓе кои немаат никој друг“: Џони Деп раскинал со адвокатката?

by Журнал.мк

Џони Деп наводно раскинал со Џоел Рич, адвокатката која го застапувала во Британија во судскиот процес за клевета против „The Sun“, пишува „Daily Mail“.

Извор близок до парот изјавил дека односот меѓу актерот и адвокатката се заладил. Исто така, Џоел била сама на венчавката на член на семејството на Ибица минатата недела.

„Не зборуваме за нормална двојка. Тоа не е голема, стабилна врска. Мислам дека никогаш не била. Не знам дали се заедно на било кој начин во овој момент. Не се работи за сериозен романтичен однос на двајца луѓе кои немаат никој друг“, тврди изворот за странските медиуми.

„Покрај тоа, тоа е Џони Деп. Класичните врски не се за него“, додава изворот.

„Џони не сака ништо сериозно“

Изворот додава дека Деп „не сака ништо сериозно бидејќи зад себе има трауматичен период поради битката низ која помина на суд со неговата поранешна сопруга Амбер Херд“. За тоа време, пишуваат британските медиуми, Џоел продолжува со плановите да се разведе од сопругот Џонатан.

Инаку, не се знае кога започнала врската меѓу Деп и Рич. Наводно, тие дискретно се сретнувале во хотели на почетокот на нивната романса, а таа пристигнала во Вирџинија за да го поддржи за време на судењето против Амбер Херд, иако во тоа време немала професионална обврска да го стори тоа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More