10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

“Тоа е вечно патување” – откако се прогласи за небинарна личност, пејачката изјави дека можеби ќе стане и трансродово лице

Најчитани вести

Деми Ловато (28) неодамна во јавноста се декларираше како небинарна личност, а сега открила дека патувањето со идентитетот трае засекогаш.

Пејачката во мај оваа година се прогласи себе си како небинарна и истакнала дека сака да биде идентификувана како “тие”Деми рекла дека раскинувањето на веридбата со Макс Ерих во 2020 година ѝ помогна да стане автентична.

Ѕвездата потоа се прогласи како небинарна и во кругот на семејството и пријателите, а во тоа ѝ помогна и нејзиниот пријател, пејачот Сем Смит.

Деми признала дека откривањето на идентитетот ќе го продолжи до крајот на животот.

“Тоа е патување кое трае засекогаш”, рекла таа и додаде: “Можеби со текот на времето ќе станам трансродова, не знам како ќе изгледа ова за мене. Можеби цел живот ќе се идентификувам како небинарна личност или можеби кога ќе остарам ќе се идентификувам како жена”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com