Home » Тито Петковски до Захариева: Ако промената на нашиот Устав е мала работа, зошто внесувањето на Македонците во вашиот е тешка и сложена

Тито Петковски до Захариева: Ако промената на нашиот Устав е мала работа, зошто внесувањето на Македонците во вашиот е тешка и сложена

by Журнал.мк

Поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски ја коментираше изјавата на екс-шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева дека измената на македонскиот Устав не е голема работа, а Бугарите се дел од реалноста во Република Северна Македонија и тоа мора да се прифати.

Петковски вели: „Ако промената на нашиот Устав е така мала и едноставна работа, зошто тогаш промената на бугарскиот Устав и внесувањето на Македонците во него, што е дел од реалноста во Република Бугарија, е толку тешка и сложена работа? Нели граѓанските и етничките права и слободи се европски вредности?“, прашува Петковски.

„Бугарија има обврска според пресудата на Меѓународниот суд за човекови права, повторувана по 15-ти пат, да ги признае правата на Македонците во Бугарија и слободата на политичко организирање. Како членка на ЕУ, зошто Бугарија не ги признава и не ги извршува одлуките на Меѓународниот суд? Тоа ли е правна и демократска држава според европските стандарди и критериуми?“, прашува Петковски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk