21.8 C
Skopje
Tuesday, June 22, 2021

Тинејџер уби три деца и две воспитувачки во Бразил

Најчитани вести

Момче уби пет лица во малото бразилско гратче Саудадес. Градоначалникот зборува за „најтажниот ден во нашата историја“.

Осумнаесетгодишно момче со предмет сличен на меч влегло во градинката „Акварела“ во малото гратче Саудадес во јужен Бразил. Напаѓачот ги прободувал присутните, изјави за агенцијата ДПА портпарол на воената полиција на сојузната бразилска држава Санта Карина, Рафаел Антонио да Силва. Три деца и две воспитувачки се убиени, а едно дете е повредено.

Воспитувачките, како што се вели, во просторијата за пресоблекување сокриле колку што е можно повеќе деца и ја заклучиле вратата. На тој начин е спречено поголемо крвопролевање. Порталот „Г1“ пишува дека убиените деца имале помалку од две години.

Напаѓачот на крајот го насочил оружјето кон себе и си ги исекол вратот, стомакот и горниот дел од телото. Според полицијата, тој е пренесен во болница „во критична сосотојба“. Момчето не било претходно казнувано, а неговиот мотив засега е непознат.

Тридневна жалост

Претставниците на општината зборуваат за „сцена на ужас“. 35-годишниот градоначалник плачеше пред камерите, велејќи дека и самиот е татко на мало дете. „Ова е најтажниот ден во нашата историја“, оцени тој.

Бразил е меѓу земјите со највисока стапка на криминал во светот, но напади од ваков вид се ретки. Даниела Рајнер, гувернерка на сојузната држава Санта Карина, во која има многу германски доселеници, прогласи тридневна жалост.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести