Осумнаесетгодишниот Џејден Стрејт од Ајова признал вина за убиството и уште неколку злостортва за кои е обвинет.
Девојче од само осум месеци, починало во јули 2018 година откако се здобила со неколку внатрешни повреди, вклучувајќи и скршени ребра, пукната слезина, внатрешно крварење и неколку скшеници на черепот.
Лекар кој претходно го прегледал и лечел бебето, пред да почине изјавил дека повредите не се последица на „ненамерен напад и нe може да се сметат како ненамерни и случајни.
На Џејден му е изречена максимална казна затвор од 100 години и обвинет е по шест точки.
Обвиниетиот кој во момент на делото имал 17 години, бил сам дома со ќерата, додека неговата девојка била излезена, а кога се вратила го затекнала бебето со тешки повреди, а тој побегнал.
Прво е осуден на 50 години, но казната му е продолжена за пет години по три точки за намерно нанесување повреди и две точки за загрозување на живот на дете и нанесување тешки повреди.